Кремљ ги отфрли повиците на САД и ЕУ за ослободување на уапсените демонстранти

Од:

ремљ денеска ги отфрли повиците на САД и Европската унија за ослободување на демонстрантите уапсени за време на недозволените демонстрации вчера и ги обвини нивните организатори дека им плаќање на тинејџери да учествуваат во протестите.

Полицијата уапси стотици демонстранти ширум Русија вчера, а меѓу нив и опозицискиот лидер Алексеј Навални, откако илјадници лица излегоа на улиците за да демонстрираат против корупцијата и побараа оставка на премиерот Дмитриј Медведев.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков протестите ги нарече провокација и истакна дека властите се загрижени дека опозициските активисти и во иднина ќе бараат од луѓето да ги кршат законите.

Би можело да ве интересира

Седумгодишно дете доби понуда за работа од руска ИТ компанија

А1он

Почина познат руски балетан, падна од балкон на петтиот кат од неговата зграда

А1он

Северна Кореја би можела да испрати до 100.000 војници за да и помогне на Русија

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Песков: Постојано го повикуваме Киев да престане да убива Руси

Горан Наумовски

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија