Демонстрации во некои европски земји, едни за ЕУ, други против

Од:

Сите 27 лидери на земјите-членки на Европската унија денеска на самитот во Рим ветија дека ќе ги сослушаат граѓаните и нивните ставови за ЕУ, додека илјадици демонстранти денеска протестираа во главниот италијански град.

Обраќајќи се до приврзаниците на десничарското движење „Фратели д Италија“, претседателката на ова движење Џорџа Мелони ја осуди „големата измама“ на ЕУ.

– Вистински непријател на Европа се банкарите, зеленашите и технократијата. Унијата мора да биде заменета со нов сојуз на слободни и суверени држави, рече Мелони.

Меѓутоа тоа не е став на 26-годишниот Максимилијан де Висе, од Лил, во северна Франција, кој учествуваше во маршот за поддршка на ЕУ во Рим и се присети на своите полски предци, кои биле мигранти.

– Единствено обединети можеме да го сочуваме мирот, рече Де Висе.

Околу 50 Британци, кои живеат во Италија се придружија кон „Маршот за Европа“, еден од неколкуте протести за или против ЕУ, кои за денеска беа закажани.

Британците на собирот изразија загриженост поради „грешката на Велика Британија да ја напушти Унијата“, за што формалните преговори почнуват следната недела.

Британската учесничка во протестите., Џеки Чамберлејн изјави дека „мошне се срами од Британија“.

– Сметам дека Британија прави фатална грешка, со тоа што излегува од ЕУ, рече Чамберлејн.

Во Германија околу шест илјади луѓе симболично го урнаа ѕидот направен од кутии на местото каде некогаш беше Берлинскиот ѕид, кој го делеше градот.

Демонстрантите маршираа во знак на поддршка на Унијата носејќи натписи: „Европа обединета во солидарност“ и „Среќен роденден ЕУ“.

Илјадници Полјаци се собраа во Варшава виорејќи знамиња на Полска и ЕУ и пеејќи ја „Одата на радоста“ во знак на поддршка на Унијата за време на одбележување на 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он