Зошто Германците имаат доверба во својата држава?

Од:

Танјуг – Белград

Германската полиција ужива голема доверба меѓу Германците, како ниту една друга државна институција, покажа анкета од Институтот за истражување на пазарот, според која Германците пак најмала доверба имаат во политичките партии.

Германците цврсто веруваат во институциите на својата држава и дури 85 отсто од нив имаат доверба во германската полиција, што е пет отсто повеќе од 2015 година, додка на Бундесварот (војската) му веруваат 64 отсто Германци, што е огромен раст од девет отсто во однос на претходната анкета од 2015 година.

Довербата на Германците расте и во системот на судството и управата и со 67 отсто и 65 отсто доверба тие институции го заземаат второто и третото место.

Според оваа анкета, четири клучни државни институции на германскиот систем уживаат се поголема доверба од Германците – полицијата, војската, судството и управата.

Меѓутоа, Германците имаат доверба и во невладините организации и монетарните институции, но и во црквата во која веруваат 40 отсто од нив, што е за пет отсто повеќе од 2015 година.

На моќните германски медиуми им веруваат 45 отсто Германци, два отсто помалку од 2015 година, покажува анкетата, според која и германската Влада се најде меѓу институциите кои губат доверба кај Германците.

На Владата и веруваат 38 отсто Германци, два отсто помалку од 2015 година, што како што велат аналитичарите, со оглед на минималноста, не може да се толкува како губење на довербата.

Интернетот се најде зад Владата со 35 отсто, додека големите фирми и концерни уживаат доверба кај 30 отсто Германци.

Меѓутоа, во политичките партии доверба имаат само 18 отсто Германци, што е еден процент помалку од 2015 година.

Можеби примерот на либералите, партија на која поранешниот шеф на дипломатијата Ханс-Дитрих Геншер и даде печат, а потоа ја водеше, исто така шефот на дипломатијата Гидо Вестервеле, покажува што значи доверба.

Имено, оваа партија на минатите избори првпат во повоената историја на земјата, стана вонпарламентарна партија, на која во проценките за претстојните септемвриски избори, исто така не и цветаат рози, а лошо им појде додека ги водеше Вестервеле.

Гласачите изгледа ја запаметија аферата на партијата, која прво го изгласа законот за намалување на даноците за ноќевања во хотелите, а потоа обелодени дека на нивна сметка легнале околу 1,1 евра донации од сопственикот на ланецот на луксузни хотели „Мевенпик”.

Донацијата вистина уредно била пријавена и регистрирана, но тоа предизвика коментари и прашања за поткупливоста на партијата, иако тоа и Вестервеле и лидерството одлучно го отфрлуваа.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“