Путин: Нуклеарните сили ќе бидат опремени со нови оружја

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе продолжи да го развива одбранбениот потенцијал на земјата и најави дека стратешките нуклеарни сили ќе бидат опремени со ново оружје.

– Сите видови војска ќе ги снабдиме со опрема и оружје од најнова генерација. Првенствено нуклеарните сили, истакна Путин.

Тој додаде дека до 2020 година армијата над 60 проценти ќе биде опремена со модерно оружје, а во поединечни случаи и до 90 отсто.

– Денешната ситуација бара посебни услови на работа, посебно кога станува збор за оперативни информавии за ситуацијата во нестабилните зони на Блискиот Исток и во Африка, како и во поединечни делови на Азија, наведе Путин.

Тој оцени дека е неопходно да се продолжи со усовршување на стратегијата и тактиката во борбата против тероризмот.

Путин истакна и дека Федералната безбедносна служба (ФСБ) добро ја извршува својата работа, посебно кога станува збор за контраразузнавачките работи, борбата против корупцијата и заштита на клучните инфраструктурни објекти.

Би можело да ве интересира

Седумгодишно дете доби понуда за работа од руска ИТ компанија

А1он

Почина познат руски балетан, падна од балкон на петтиот кат од неговата зграда

А1он

Северна Кореја би можела да испрати до 100.000 војници за да и помогне на Русија

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Песков: Постојано го повикуваме Киев да престане да убива Руси

Горан Наумовски

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија