ВИДЕО: Пожар во складиште за муниција во Украина, евакуирани 15 илјади лица

Од:

Голем пожар изби изутринава во складиште за муниција во градот Балаклија во Украина, поради што се евакуирани околу 15 илјади локални жители.

Како што јавуваат руските медиуми, пожарот најверојатно е последица на саботажа.

Тоа складиште за муниција е едно од најголемите во Хабровската област, а по пожарот, кој изби околу три часот по локално време, почнаа да одекнуваат детонации, поради што е прогласена зона за безбедност во радиус од седум километри.

Медиумите засега немаат податоци за човечки жртви.

Според податоците на украинското Министерство за одбрана, во тоа складиште се наоѓаат околу 138 тони муниција, меѓу кои најголем дел се тенковски и артилериски гранати од 125 и 152 милиметри.

Во Балаклија се отворени два евакуациски центра, а на местото на случувањата се упати и официјална комисија на Киев, која ја предводи заменик-министерот за одбрана Игор Павловски.

Шефот на военото обвинителство, Анатолиј Матиос напиша на својот профил на Фејсбук дека според прелиминарните резултати станува збор за саботажа.

– Државните погранични служби ја зајакнаа контролата на границата во југоисточниот дел на земјата, напиша тој.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи, се гледаат илјадници автомобили заглавени во сообраќај, откако властите наредија евакуација.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Во нов руски напад на Украина загинаа двајца железничари

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

Путин: НАТО влегува во војна со Русија

Горан Наумовски

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

Сијарто: Неопходно е да се интензивираат напорите за постигнување мир во Украина

Горан Наумовски