Штајнмаер формално ја презеде функцијата претседател на Германија

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер денеска беше формално именуван за 12. претседател на Сојузна Република Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Откако во февруари, со апсолутна поддршка од сите парламентарни партии, беше избран за шеф на германската држава и го наследи Јоаким Гаук (77) кој се повлече по првиот мандат поради старост, Штајнмаер денеска ја прочита претседателската заклетва на заедничка сесија на долниот (Бундестаг) и горниот дом (Бундесрат) при германскиот парламент.

По својот инаугуративен говор во кој Штајнмаер повика на заедништво при надминување на сите политички, економски и безбедносни предизвици, новиот претседател со воени почести се всели во претседателската палата „Белви палас“ во Берлин.

Штајнмаер, кој има 61 година, е член на германските социјалдемократи и беше избран за претседател со директна поддршка на централно десничарската сестринска коалиција предводена од канцеларката Ангела Меркел. Доколку на сојузните парламентарни избори во септември победи СПД и кандидатот за канцелар Мартин Шулц, на првите две најважни позиции во државата ќе бидат претставници на германската умерена левица, што за последен пат се случило меѓу 1999 до 2005 кога претседател беше Јоханес Рау, а канцелар Герхард Шредер. Функцијата претседател на Германија и покрај тоа што номинално е највисока позиција во админстрацијата има претежно церемонијално значење во германската политика.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“