НВО Екосвест и Германската амбасада денеска во Скопје ќе го промовираат проектот за клима и заштита на климатските промени „City tree“ и ќе му ги предадат на градот зелените билборди – прочистувачи на воздух.
„CityTree“ е вертикална структура од специфични видови мов со васкуларни растенија кои „јадат“ ситна прашина, азотни оксиди и озон, и имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглерод диоксид годишно.
На настанот е предвидено обраќање на германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, на скопскиот градоначалник Коце Трајановски и на Ана Чоловиќ Лешоска од НВО Екосвест.
Овој проект беше овозможен со помош на средства од фондот за климатски промени при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, со што се финансира кампањата за подигнување на свесноста, а набавката на двата билборда, за Скопје и Тетово, ја овозможија Пакомак, Енерџи деливери солушнс, Еколог, Везешари, ПроКредит Банка, ДХЛ, Кнауф и Де Мед.