Авион во сопственост на јужносуданската авиокомпанија „Саут суприм ерлајнз“ денеска принудно слета на аеродромот во градот Вау, северозападен Јужен Судан.
Во авионот имало 45 луѓе од кои при принудното слетување повредени се 14.
– Во авионот беа 40 патници и петмина членови на екипажот. Немам други информации, изјави директорот на „Саут суприм ерлајнз“ Габријел Нганг, додавајќи оти авионот полетал од главниот град на Јужен Судан, Џуба.
Неименуван припадник на локалната спасувачка служба изјави дека „никој не загинал, но оти има поголем број повредени лица“.