Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални доживеа незгода кога непознат маж го испрска со зелена течност по лицето во градот Барнаул во Сибир.
– Денеска отворам канцеларија во Бернаул и ќе изгледам како од филмот „Маска“. Кул. Дури и забите ми се зелени, напиша Навални на Твитер, алудирајќи на јунакот од холивудскиот филм кој носи зелена маска.
Мажот го испрска Навални со познатиот руски антисептик со зелана боја, која останува на кожата со денови. Инцидентот се случи кога опозиционерот му пружи рака.
Навални патува низ Русија и отвора канцеларии во рамките на кампањата за претседателските избори 2018 година, иако со судска одлука му е забрането да се кандидира.