Најмалку девет деца се повредени денеска во југозападниот дел на Романија, кога минибус што превезувал ученици излетал од патот и се првертил во еден јаз, јави Аџерпрес.
Засега нема инфромации за здравствената состојба на повредените деца, кои се пренесени во болница.
Во моментот на несреќата во минибусот се наоѓале 18 деца и 61-годишен возач.
Возачот на полицијата и изјавил дека „задремал поради премореност“, поради што возилото излетало од патот.
Нерсеќата се случула утрово на локален пат меѓу местата Дева и Хунедоара.