По повод Светскиот ден на Дауновиот синдром – 21 март, денеска во Градскиот парк се организира трка „Run for Down“ од Мечувалечкиот клуб Ескрим.
Трката, која е трета по ред, е отворена за сите хумани граѓани, а ќе учествуваат и деца со Даунов синдром и нивните семејства.
Целта е да се поттикнат спортските клубови да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром и да ги вклучат во спортот.
Годинашната тема на Светскиот ден на Дауновиот синдром е „MyVoiceMyCommunity – оспособување на луѓето со Даунов синдром да проговорат, да бидат чуени и да влијаат на владините политики и дејствувања, да бидат целосно вклучени во заедницата.
Организатор на одбележувањето на Светскиот ден на Дауновиот синдром во Македонија е Центарот за Даунов синдром, а ќе биде проследен и со повеќе активности во наредните денови.