А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Штип организирана работилница за преведувачи

by А1он14/03/2017 - 16:15110
Share0

Здружението на преведувачи на Република Македонија и Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска за студентите организираа работилница на тема „Оригиналноста во преводот-почит кон индивидуалноста на авторот и кон јазикот“.

Добивај вести на вибер

Деканот на Филолошкиот факултет на УГД-Штип, Драгана Кузмановска вели дека на работилницата студентите практично ќе видат како се преведува еден книжевен текст, но и на какви проблеми можат да наидат при преведувањето на еден таков текст.

– Ние направивме еден проект за стекнување и развивање на компетенциите на преведувачите и толкувачите на нашиот Филолошки факултет од сите јазични групи, англиски, германски, турски во паралела со македонскиот јазик и денес се обидуваме практично со помош на нашите колеги од ова здружение да им покажеме на нашите идни преведувачи и толкувачи на какви проблеми ќе наидат кога ќе излезат на пазарот на трудот, вели Кузмановска.

Претседателката на Здружението на преведувачи Огнена Никулјски вели дека како Здружение се залагаат за унапредување на професијата и за нејзина поголема видливост и праведен третман во општеството. Смета дека овие работилници се корисни за студентите со цел практично да осознаат како треба да се преведува еден текст. Според Никулјски, еден преведувач мора постојано да истражува за автентично да преведе еден текст.

– Мора да се истражува претходно за да се види што е она што го карактеризира стилот на авторот, како тоа на македонски ќе звучи најсоодветно, најприродно. Затоа што вие неможете да ставите еден 16-годишник, кој што зборува неправилен странски јазик, да го преведете литературно на македонски јазик, како да завршил академија. Значи, мора да истражувате и да видите како денес зборуваат младите и да го изнајдете тој јазик што е потребен за да навистина се почуствува дека тој лик во книжевното дело има 16 години и не го зборува правилно својот јазик, вели Никулјски.

Таа забележа дека не држи констатцијата дека македонскиот јазик е сиромашен за да се изразат одредени чувства, туку преведувачите на делата се тие кои треба да бидат ангажирани и треба постојано да истражуваат. Во моментов во земјава има потреба од преведувачи на шведски јазик и на останатите јазици од скандинавската група на јазици.

stip

Би можело да ве интересира

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Горан Наумовски24/08/2025 - 14:40

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски20/08/2025 - 10:1420/08/2025 - 10:57

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски08/08/2025 - 13:3308/08/2025 - 13:33

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски08/08/2025 - 13:1608/08/2025 - 13:28

Штипјанец осомничен за убиство, ги нападнал сопругата, нејзините брат, татко и мајка

Горан Наумовски08/08/2025 - 13:13

Мицкоски: Во Штип е најголемата здравствена инвестиција од околу 150 милиони евра

Горан Наумовски30/07/2025 - 21:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен