Oд денес, 13-ти март, „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ го зголемуваат времетраењето на штрајкот на 8 часа.
Ова е одлука на штрајкувачките одбори на трите весника на МПМ.
И по усните ветувања од раководството дека се прават напори за да се исплати јануарската плата до минатиот петок, платата за месец јануари 2017 година не е исплатена и нема никаквов прецизен рок кога тоа ќе се случи, а нема ниту прецизна информација што ќе се случува со компанијата во наредниот период.
Револтот кај вработените е веќе преголем поради влошената економско-социјална положба и игнорантскиот однос на менаџментот. По барањето на мнозинството од вработените штрајкувачките одбори донесоа одлука за радикализација на штрајкот.