Антологија на современа епистоларна проза

Од:

„Македонска реч“ објави антологија на современа епистоларна проза со наслов „Пишувачот“, приредена од Весна Мојсова-Чепишевска.

Во антологијата се застапени текстови од: Татјана Кокаљ и Јана Коларич (Словенија), Јопана Шчепковска, Јануш Леон Вишневски, Јежи Сосновски, Хана Ковалевска (Полска), Ренато Баретиќ (Хрватска), Азриел Библиович (Колумбија), Русана Бардарска (Бугарија), Ана Дасиалго  / Гордана Влаиќ (Србија), Горица Нешовиќ (Србија), Јелица Грегановиќ (Словенија), Хуан Хосе Миљас (Шпанија), Хуан Е. Миранда (САД) и Маркос Пико (Мексико). Преводите се на Лидија Танушевска, Соња Должан, Елена Атанасиу, Душко Крстевски и Ѓоко Здравески.

Мојсова-Чепишевска на почетокот на книгата пишува дека е  крајно личен изборот на раскази и фрагменти од романи кои, истакнува таа, своите приказни ги градат како љубовни писма, преписки и дописки, СМС-пораки, електронски писма и допишувања, како приказни од едно блогерско искуство…

– Застапените автори докажуваат и покажуваат дека во разните современи дијалошки форми (пејџерски јавувања, електронски писма, СМС, блогерски разговори и допишувања, мудрувања), сепак, не нè отуѓува најновиот тип комуникација, зашто комуникацијата зависи од оние кои ја водат, а не од средствата. Па така, сите овие избрани автори успеале да раскажуваат, опишуваат, ослушнуваат, чувствуваат, сакаат, уживаат, тагуваат… и едноставно да создаваат приказни, пишува Мојсова-Чепишевска, која е проф. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ по предметите Светска книжевност за деца и Македонска книжевност за деца.

Автор е на книгите: „Рацин и експресионизмот“ (2000), „Литературни преокупации“ (2000), „Лицето на зборовите“ (2004), „Мал книжевен тестамент“ (2007) и „Игра и симулации“ (2011).  „Пишувачот“ е нејзина петта антологија.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање