Цветков: Измените на Законот за избори повторно на владина седница

Од:

Се уште не е донесена владина одлука за измените на Законот за избори што ги предлага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кои треба да се овозможи непречена исплата на субвенциите.

Како што информира денеска ресорниот министер Михаил Цветков, Предлог-измените беа разгледани на владина седница во петокот на која присуствуваа и претставници од Државната комисија за спречување корупција.

– Владата не донесе одлука, но ја задолжи Антикорупциска да ги разгледа сите закони, вклучувајќи го и Кривичниот со кој се ограничува исплатата на субвенциите во период до формирање нова влада, истакна Цветков.

На наредната владина седница, додаде, повторно ќе се расправа по оваа точка.

МЗШВ со измените предлага земјоделските субвенции да може да се исплаќаат со формирањето на Собранието, а не да се чека до формирање нова влада како што предвидува актуелното законско решение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата