Македонскиот ракометен шампион Вардар попладнево загуби од францускиот тим Мец со убедливи 42:28 што претставува најтежок пораз за „црвено-црните“ оваа сезона во Лигата на шампионите.
Вардарки добро почнаа и по десетина минути водеа со 8:6, а пота следуваше неверојатен пад во играта кој траеше до крајот на мечот. На полувреме домаќинките отидоа со предност од 19:16, а во вторите 30 минути беа уште пожестоки нанесувајќи му го вториот пораз на Вардар, по оној на домашен терен од Будуќност од пред седум дена.
Единствена расположена за надигрување во поразениот тим беше Андреа Пенезиќ која постигна 10 голови од 11 обиди.
Најефикасна ракометарка на теренот беше Ана Грос со 11 голови.
По овој пораз, Вардар го загуби лидерското место Групата 1 каде на чело на табелата изби Ференцварош со 14 бода. Вардар е втор со 13, а по нив следуваат Будуќност со 10 и натпревар помалку, Мец има 8, Турингер 5 и Астраханочка 2 (натпревар помалку).