Пенезиќ: Подготвени сме за дуелот со Мец

Од:

Ракометарките на Вардар се подготвени за претпоследниот предизвик од А групата на главната фаза во женската лига на шампионите за гостување кај француски Мец.

Тоа е натпревар на кој вардарки ќе бараат бодови за задржување на лидерската позиција во А групата пред одигрувањето на четвртфиналните натпревари. Тие минатата недела по поразот од Будуќност, ја прекина низата од осум победи.

– Мец има квалитетна екипа. Играат многу незгодна одбрана. На првиот натпревар нѐ изненадија со агресивната одбрана и може не бевме доволно спремни. Но сега се подготвивме многу добро, анализиравме сѐ и се подготвивме за се. Од нив може да очекуваме агресивна одбрана 3-2-1, 3-3, но овој пат ќе бидеме целосно подготвени. По поразот со Будуќност не е ништо изгубено, не е некоја голема трагедија, имавме низа од 8 победи во серија, и ни се случи лош ден. Сега забораваме на тоа. Уште сме на прво место. Притисокот постои на секој натпревар. Јавноста секогаш не става во позиција на фаворит, така што сме навикнати на тој притисок. Забораваме што беше и се подготвуваме за Мец, изјави левиот бек Андреа Пенезиќ.

На првиот дуел со Мец во Скопје „црвено-црните” победија со 23:21.

Вардарки се првопласирани во А групата со 13 бода, исто колку и ФТЦ Будимпешта, но македонскиот првак има подобар меѓусебен биланс.

– Ние сме први и досега изгубивме само еден натпревар. Сите натпревари од Лигата на шампионите се тешки и понекогаш играме подобро, понекогаш не, но така е. Против Мец дома имавме многу тежок натпревар. Сите имаат желба за победа, а ние имаме поголема желба од сите. Мислам дека на овој натпревар притисокот ќе биде кај Мец. Во Скопје играше многу добро, но сега играат дома и мислам дека притисокот е кај нив зашто од нив ќе се очекува победа. Ние се разбира сакаме да победиме зашто со оваа победа имаме шанси да бидеме први во група. Оваа недела сите многу добро тренираме, многу сме концентрирани и сме подготвени за Мец. И ќе биде тешко, тоа е 100 отсто, вели тренерот Давид Дејвис.

Натпреварот Мец – Вардар во рамките на 9.коло од ЛШ е закажан за утре со почеток во 15 часот.

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица