Јемен: Иран да ја запре финансиската помош за шиитските бунтовници

Од:

Претседателот на јеменскиот Совет за национална безбедност генерал Али ал Ахмади го повика Иран да ја запре обуката и финансиската помош за шиитските бунтовници во северниот дел од Јемен.

Заедно со вооружените исламистички групи поврзани со терористичката мрежа, и сепаратистите во јужниот дел од државата, јеменските шиити учествуваа во нарушување на безбедноста на државата со континуирани напади, јавуваат западни медиуми.

Според генерал Ал Ахмади, во државата има околу 800 припадници на локални шиитски бунтовници кои се поврзани со Ал Каеда. Јеменскиот огранок на Ал Каеда меѓу главните цели има симнување од власт на монархијата во соседна Саудиска Арабија.

Генералот нагласи дека Иран дава поддршка за бунтот на бунтовниците од движењето Хути во северниот дел од државата. Тој нагласи дека јеменските служби имаат конкретни докази за вмешаноста на Иран.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида