Во Илинден се спроведува проектот „Со зеленило против загадувањето“

Од:

Со засадување повеќе листопадни и зимзелени садници на пешачко-рекреативната патека Марино-Кадино, општина Илинден почна со реализација на проектот „Со зеленило против загадувањето“, кој ќе се спроведува овој месец.

Со активностите од проектот за раззеленување се опфатени 20 локации на површина од 60.000 метри квадратни, каде е предвидено да бидат засадени 1.000 садници.

– Целта на овој проект е преку раззеленување на јавните површини во урбаниот дел на општината, покрај пешачко-велосипедските патеки, улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, градинката, спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница, соопшти општина Илинден.

Проектот го поддржале повеќе граѓани, ученици, младинци, пензионери, бизнис секторот, општинските комунални претпријатија и општинската администрација.

Би можело да ве интересира

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска

Акција за чисто Маврово и Мавровско езеро

Ана Ололовска

Национална еко акција „Генералка викенд“ за позелена татковина

Ана Ололовска

„Фронт 21/42“: Формално демократски и „согласно законите“ се носат урбанистички планови за Охрид

Ана Ололовска

Интерактивната еко-мапа со цел полесно лоцирање и решавање на еко-проблеми

Ана Ололовска

Еколошка акција за чистење на дел од крајбрежјето на реката Вардар

Ана Ололовска