Во желба да изгледате помлади често правите погрешни работи. За да избегнете контраефект, пробајте ги нашите совети, пишува кафе.ба.
Коса
Во тренд се „бои на виножито” за коса па не е чудно да се видат помлади и постари жени кои се одлучиле да ја обојат косата во сина, виолетова или зелена боја.
Модните експерти ви порачуваат тие експерименти да ги оставите на ѕвездите.
Една од грешките е секако премногу често бојадисување во светло руса коса, по што таа го губи својот „златен сјај” па изгледате постаро исто како и кога косата ќе ја бојадисате црна. Тоа изгледа многу неприродно… Негувајте ја својата коса, тоа нека ви биде приоритет.
Лош брусхалтер
„Вистинскиот избор на брусхалтер ќе ја издолжи вашата фигура, половината ќе ви ја направи потенка и визуелно ќе ве подмлади” – порачува њујоршката стилистка Анабел Толман.
Шминкање
Очите шминкајте ги во посветли бои за да изгледате помлади. Избегнувајте темни кармини, креони и ајлајнери во текот на денот.
Облека
Облечете кратка кожна јакна, растресете ја косата или носете тренди торбичка. Оваа комбинација ќе ве направи помлада и за цела деценија.