Од Босна и Херцеговина во првите девет месеци е извезено злато и скапоцени предмети од вкупна вредност од 3 милиони евра што е драстичен пораст од лани кога било извезено 750.000 евра.
Според податоците од Управата за индиректно оданочување, златото најмногу се извезувало во Словенија, Турција, Австрија, Хрватска и Србија.
Како што пишуваат тамошните медиуми, причината е во тешката економска криза на граѓаните.
Цената, зависно од квалитетот, се движи меѓу 12 и 20 евра за грам злато.