Над 1,4 милиони домаќинства во чилеанската престолнина Сантјаго вчера останаа без вода за пиење заради поројните дождови, што се излеаја над централниот дел на Чиле.
Во невремето загинаа четири лица, а седум се водат за исчезнати, пренесоа француските медиуми.
Дождовите почнаа да врнат во саботата и предизвикаа свлечишта на земјена маса и излевање на реката Маипо, што е извор на вода за поголемиот дел од Сантјаго, град со население од 6,5 милиони.
Откако во водоводите потече загадена вода, властите одлучија да го прекинат водоснабдувањето.
Запирањето на водата засегна 1.450.000 домаќинства, соопшти претставник на градот. Тој додаде дека не се знае кога ќе може да се обнови снабдувањето со вода за пиење, бидејќи реката Маипо и натаму е преполна со кал.