Кучи: Обезбедени 1,4 милиони денари за поддршка за ХАЛАЛ системи за годинава

Од:

Министерствотоза економија за 2017 година обезбеди 1,4 милиони денари финансиска поддршка за воведување ХАЛАЛ системи, порача министерот за економија Дритон Кучи на меѓународната конференција, организирана од Агенцијата за ХАЛАЛ стандард во Република Македонија, во соработка со институтот ГИМДЕШ за ХАЛАЛ истражувања од Република Турција.

– Препознавајќи го значењето од воведување на стандардите за квалитет за деловните субјекти, а со цел да обезбеди континуирана поддршка на економијата и компаниите, Министерството веќе петта година по ред ја реализира мерката – финансиска поддршка за ХАЛАЛ систем, во рамки на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво. Од крајот на 2013 година, откако ИВЗ основа сопствена Агенцијата за ХАЛАЛ стандард во Македонија, која е единствена надлежна институција за воведување и сертификација на овој стандард кај нас, Министерството за економија им ги кофинансираше трошоците на вкупно 25 компании, со вкупно 5 милиони денари буџетски средства, рече Кучи.

Претходно додека сертификацијата ја вршеше Агенцијата за сертификација од Тузла, нагласи, ХАЛАЛ стандардот го воведоа 11 компании од Македонија, а 4 беа во процес на сертификација.

Кучи упати покана до деловните субјекти да ги искористат средствата обезбедени во годинешниот буџет во вредност од 1,4 милиони денари за воведување ХАЛАЛ стандард.

На меѓународната конференција присуствуваа и поглаварот на ИВЗ реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и преставникот на Светскиот ХАЛАЛ Институт Мурат Сајин. Во рамки на конференцијата за потребите на интерните аудитори во компанииите кои спроведуваат ХАЛАЛ беше одржана и обука за ХАЛАЛ – Тајјиб производи.

Присутните го нагласија значењето на оваа конференција и на обуката одржана од страна на врвни меѓународни експерти, како од аспект на размена на искуства за можностите кои ги нуди воведувањето на ХАЛАЛ-системот, така и од аспект на подобрување на конкурентноста на компаниите и настап на нови пазари.

На обуката беа обработени темите за процедура за сертифицирање на ХАЛАЛ – Тајјиб Стандардот, за ХАЛАЛ сертификацијата и меѓународното опкружување, критичните контролни точки и ХАЛАЛ системот за обезбедување, ХАЛАЛ сертификацијата од аспект на исламското право и ХАЛАЛ колењето на добиток.

Агенцијата за спроведување на ХАЛАЛ стандардот во Македонија додели 74 сертификати за интерните аудитори во компанииите кои спроведуваат ХАЛАЛ, кои присуствуваа на оваа денешната обука, како дел од конференцијата. На министерот за економија Дритон Кучи му беше врачено признание за подршката која ја дава Министерството за економија во вид на субвенции за компаниите кои спроведуваат ХАЛАЛ стандард.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница