Ракометарите на Цеље остварија победа во Лигата на шампионите откако синоќа во дуел од 11. коло го совладаа европскиот шампион Киелце со 34:33. Решавачкиот гол за Цеље го постигна Лука Жвижеј во последните секунди.
Со овој пораз Киелце остана на два бода во групата зад македонскиот првак Вардар.
Резултати од 11.коло:
А група: Кадетен Шафхаузен – Барселона 24:31, Кил – Веспрем 25:27, Висла – Силкеборг 28:25 и Флензбург – ПСЖ 33:34.
Табела: Барселона 20 бодови, ПСЖ 18, Веспрем 12, Флензбург 11, Кил 11, Висла 8, Силкеборг 4, Кадетен Шафхаузен 2.
Б група: ПИК Сегед – Вардар 21:23, Мешков Брест – Загреб 21:21, Кристијанштад – Рајн Некар Ловен 29:31 и Цеље – Киелце 34:33.
Табела: Вардар 16, Рајн Некар Ловен 15, Киелце 14, ПИК Сегед 13, Мешков Брест 12, Цеље 7, Кристијанштад 6, Загреб 5.