А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Поддршката за членство во ЕУ во Македонија намалена на 77 отсто

by А1он17/02/2017 - 16:0061
Share0

Повеќегодишниот опаѓачки тренд на поддршката за членство во Европската унија во Македонија продолжува и во 2016 година, но сѐ уште изнесува високи 77 проценти, покажуваат податоците од анкетата на јавното мислење спроведена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со фондацијата Конрад Аденауер.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според Иван Дамјановски од Институтот за демократија, поддршката првенствено се должи на материјалните и економски очекувања на граѓаните и останува висока.

– Клучен фактор на постепениот пад на поддршката за членство во ЕУ се идентитетските импликации кои произлегуваат од спорот со Грција околу името. Не станува збор за евроскептична енергија, бидејќи ако се тргне спорот за името тогаш поддршката повторно се враќа на близу 90 проценти, изјави Дамјановски.

Според Зоран Нечев од ИДСЦС, извештајот покажува дека најголем дел од испитаниците, околу 26 проценти сметаат дека ЕУ би била најдобриот странски сојузник на Македонија, додека на второ место се наоѓа Русија со 25 отсто и на трето САД со 17,5 проценти.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Симпатиите на граѓаните кон Русија и евентуалното нејзино продлабочено инволвирање може да има негативен ефект врз поддршката за членство во ЕУ. Еден од заклучоците кои ние ги извлековме е дека кредибилитетот на ЕУ е доведен во прашање и потребни се мерки со цел да се поврати опаѓачкиот кредибилитет на процесот на пристапување кон ЕУ, изјави Нечев.

Посочи дека интересно е тоа што постои значителна разлика помеѓу двете најголеми етнички групи во Македонија во однос на нивните перцепции за најдобар надворешен сојузник на Македонија.

– За најголемиот дел од Македониците, околу 29,9 проценти најдобар сојузник е Русија, додека за најголемиот процент Албанци тоа е ЕУ со 32,2 и САД со 28,3 отсто поддршка, изјави Нечев.

Истражувањето е спроведено со телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1.100 испитаници во ноември 2016 година, а трендовите кои се коментираат во анализата се врзани со методолошки исто истражување спроведено во 2014 година. Податоците од истражувањата се изнесени во „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2016)“ и „Кредибилитетот на Европската Унија во Македонија е доведен во прашање“.

eu

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

Горан Наумовски03/08/2026 - 21:51

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

Горан Наумовски30/07/2026 - 13:51

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:31

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Горан Наумовски29/07/2026 - 19:12

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

Горан Наумовски27/07/2026 - 22:18

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија

Горан Наумовски27/07/2026 - 22:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео