Орце Камчев и Јана Станисављева излегоа од МПМ

Од:

Компанијата „Орка Холдинг“ излезе од сопственичката структура на „Графички центар ДОО“ која што е сопственик на Медиа Принт Македонија, издавачот на неколку македонски медиуми.

Сопственици на МПМ преку „Графички Центар“ беа „Орка Холдинг“ водена од Јордан Камчев, „Мирекс Плус“ во сопственост на Срѓан Ќерим и „Интерент Инвестмент Груп“ во сопственост на Јана Станисављева.

Според последните издадени документи од МПМ сега сопственици се „Мирекс Плус“ и „Телеграф“, кој што е сопственост на МПМ или, во превод, Камчев и Станисаљева го оставаат Срѓан Керим како единствен сопственик на оваа издаваштво. Јана Станисављева останува на позицијата генерален директор на МПМ.

„Со одлука на Управниот одбор на компанијата, донесена на 12.12.2016 година а спроведена во Централниот регистар на РМ на 15.02.2017 година, компанијата „Орка Холдинг“ АД Скопје го продаде својот удел во „Графички центар” ДОО Скопје, сопственик на „Медиа Принт Македонија“ (МПМ), по номинална цена.

Сите обврски кои компанијата ги имаше кон вработените заклучно со 31.12.2016 година се подмирени. Во наредните денови ќе се подмират и обврските кон платите за месец јануари 2017 г.“ соопштија од „Орка Холдинг“.

МПМ е издавач на весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, порталот „Телеграф“ и магазинот „Теа модерна“.

Би можело да ве интересира

Керим: Достапен сум за сите, па и за СЈО

Ана Ололовска

Керим и Станисављева недостапни за СЈО

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Керим по распитот во СЈО: Ќe кажеме се кога ќе дојде време

Ана Ололовска

Срѓан Керим пристигна на распит во СЈО

Ана Ололовска

Јана Станисављева пристигна на распит во СЈО

Ана Ололовска

Срѓан Керим и Јана Станисављева на распит во СЈО

Ана Ололовска