Делчевската населба „Милково Брдо“ доби атмосферска канализација

Од:

Директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн и градоначалникот на општина Делчево Дарко Шехтански денеска ќе го означат завршетокот на изградбата на новата атмосферска канализација во урбаната населба „Милково Брдо” што ќе го намали ризикот од поплави кои можат да бидат предизвикани од екстремни временски појави.

Канализацијата се реализира преку Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени што го спроведува Милиеуконтакт Македонија. Станува збор за четиригодишна иницијатива, вредна 2,8 милиони американски долари, која го зајакнува капацитетот на општините да се подготват за и да ги адресираат локалните предизвици кои произлегуваат од ефектите поврзани со климатските промени.

Активностите на проектот, што ќе заврши на крајот на месецов, се фокусирани на десет општини: Пехчево, Теарце, Богданци, Кривогаштани, Маврово Ростуше, Боговиње, Студеничани, Виница, Прилеп и Делчево.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево