Ракометарите на Веспрем славеа победа над Кил во воведниот натпревар од 11. коло на Лигата на шампионите.
На вечерашната средба, одиграна во Кил, гостите од Унгарија забележаа победа против германскиот Кил со 27-35, полувреме 15-15.
Ова беше натпревар од А групата во која утревечер ќе се игра натпреварот Кадетен Шафхаузен – Барселона , а преостанатите две средби од групата, Висла Плок – Силкеборг и Фленсбург – ПСЖ на програмата се в сабота.
Претстојниот викенд ќе се играат и натпреварите од 11. коло во Б групата, во која македонскиот шампион Вардар ќе гостува кај ПИК Сегед, во меч кој ќе се игра во сабота од 17 часот и 30 минути.
Во истиот термин ќе се игра и натпреварот Мешков Брест – ППД Загреб, додека средбите Кристијанштад – Рајн-Некар и Целје – Киелце ќе се играат во недела.
Пласман:
А група: Барселона 18 бодови, ПСЖ 16, Веспрем 12, Фленсбург 11, Кил 11, Висла Плок 6, Силкеборг 4 и Кадетен Шафхаузен 2.
Б група: Вардар 14 бода, Киелце 14, Пик Сегед 13, Рајн-Некар 13, Мешков Брест 11, Кристијанштад 6, Цеље 6, ППД Загреб 4.