Средби на Канческа-Милевска со претставници на Еуримаж

Од:

Во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска го посети Прима-центарот во Берлин и оствари средба со директорот Јован Балов. На средбата беше истакната одличната соработка меѓу Галеријата на Прима-центарот и Министерството за култура кое континуирано обезбедува средства за промоција и афирмација на младите македонски автори во оваа културна средина, соопшти Министерството за култура.

Канчевска-Милевска и Балов разговарале и за идните планови за продлабочување на културната соработка и во таа насока била иницирана и идејата млади германски автори да се претстават во институциите во Република Македонија.

Канческа-Милевска и директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија Мими Ѓоргоска-Илиевска денеска во Берлин имале средба и со извршниот директор на европскиот фонд за копродукции Еуримаж, Роберто Ола, на која било истакнато присуството на македонската кинематографија на култниот Берлински филмски фестивал.

– Соговорниците го изразија задоволството што токму двата филма кои се селектирани во програмата „Панорама“ – „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар-Митевска и „Реквием за госпоѓа Ј.“ на Бојан Булетиќ, се поддржани од Еуримаж. Канческа-Милевска и Ола се осврнаа и на новата Европска конвенција за копродукција во кинематографијата која беше потпишана во Ротердам и која ќе отвори многу нови можности за реализација на заеднички филмски проекти меѓу европските земји. Канческа-Милевска го изрази своето уверување дека Република Македонија наскоро ќе стане земја потписник на оваа значајна конвенција. Оваа, 2017 година нашата држава ќе биде домаќин и на редовното генерално собрание на Еуримаж што ќе се одржи во Скопје во октомври, наведува Министерството за култура во соопштението.

Министерката за култура имала средба и со Мариа Троколи од Директоратот за филмска продукција при Министерството за културно наследство и туризам на Република Италија, на која било договорено наскоро во Република Македонија да се реализира заедничка средба на продуценти од двете земји со цел зголемување на копродукциските проекти кои ќе овозможат презентација на креативните потенцијали во оваа сфера од двете земји.

Канческа-Милевска остварила средба и со Беки Пропст, претседател на Европскиот филмски маркет во чии рамки Агенција за филм на Република Македонија континуирано ја презентира македонската кинематографија, но и сите поволности што ги нуди нашата земја во областа на филмската дејност.

– Особено значајно е што на средбата е договорено Република Македонија во иднина да поседува и сопствен штанд за промоција на македонската кинематографија кој ќе отвори уште многу можности за развој и унапредување на оваа дејност, како и презентација на сите поволности кои се нудат во Република Македонија, информира Министерството за култура.

Канческа-Милевска се сретнала и со директорите на филмските фондови на Израел, Србија и Бугарија, а попладнево ќе оствари средби и со директорот на Европската филмска академија Марион Доринг и со селекторот на Фестивалот, Николај Никитин.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ