Романскиот Парламент го поддржа планот за референдум

Од:

Романскиот Парламент денеска едногласно го поддржа планот на претседателот Клаус Јоханис за организирање референдум за антикорупциските реформи, по масовните протести кои ја принудија Владата да ја повлече спорната уредба за декриминализација на одделни случаи на корупција.

Гласањето на Парламентот е вообичаена процедура, но неговото мислење за одржување на референдумот не е обврзувачко.

Шефот на државата, кој е поранешен член на десничарската опозиција, упати критики до Владата поради уредбата, со која се штитат десетина јавни функционери од кривично гонење.

Јоханис сега треба да одлучи кога ќе се одржи референдумот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Пет лица загинаа во невреме во Романија

Руски беспилотни летала го нарушија воздушниот простор на НАТО

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Романија, се стресе и во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невреме во Романија: Улици под вода, порој однесе возила