Слаб снег кај Буково, магла на патот Лисец-Попова Шапка

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот превој Буково. Намалена видливост поради појава на магла од 40 до 50 метри има на патните правци село Лисец – Попова Шапка и Бунец – Маврови Анови, информира Автомото сојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Меџитлија (Битола) и Дојран се отворени за сообраќај.

АМСМ предупредува дека во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Се апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Би можело да ве интересира

Магла на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени

Опасни услови на патиштата – магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево

Внимателно возење: Магла на Стража и на патот село Гајре – Попова Шапка

Облачно со утринска магла, попладне локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Облачно, магла и повремен дожд