Десетици илјади Романци излегоа повторно на улиците со цел да побараат оставка на Владата. Тие ја обвинуваат дека ја попречува борбата со корупцијата. Овојпат тие беа облечени во боите на романското знаме.
Вакви протести се одржуваат 13-ти ден по ред.
Романија е зафатена од протести откако Владата на премиерот Сорин Гриндиану усвои декрет за декриминализација на оние кои се обвинети за злоупотреба на службена должност, бидејќи станува збор за износ од 44.597 евра.
Иако Владата, која стапи на должност пред само еден месец, ја повлече одлуката за декриминализација, протестите на запреа.
Околу 80.000 демонстранти се движеа по улиците на Романија.
– Сакаме да ја заштитиме правната држава во земјата, изјави еден од демонстрантите.
– Романците сакаат да бидат претставувани од чесни луѓе, истакна друго лице.
Речиси 30.000 лица се вклучија во протестите надвор од земјата.