Барселона вторпат оваа сезона го совлада Веспрем и го зацврсти првото место во групата А од ракометната Лига на шампионите. Каталонците славеа на гостувањето во Унгарија со 22:25 со одлично второ полувреме и посебно добра игра во одбрана и интервенции на македонскиот интернационалец Борко Ристовски.
Унгарците првото полувреме го добија со 14:13. На почетокот на второто полувреме Пасквал го внесе Борко Ристовски на местото на Гонзало, кој во првиот дел имаше само три интервенции. Македонецот имаше неколку одбранети удари, седмерец на Илиќ и потсети дека е во добра форма по мечот со Гвадалахара во средата. Тој со 11 интервенции беше прво име на средбата.
Во победничкиот тим настапи и Кирил Лазаров кој постигна два гола.
Барселона е прва со 18 бода, пред ПСЖ со 16.