Романскиот суд донесе одлука дека на претседателот на Сенатот Калин Попеску Таричану може да му се суди за случајот на измама, додека во меѓувреме во Букурешт продолжуваат протестите на повеќе илјадници луѓе, 11. ден по ред.
Високиот касациски суд вчера ја отфрли неговата жалба, откако Таричану се жалеше дека нема доволно докази за да му се суди.
Датумот за почеток на судењето се уште не е одреден.
Таричану минатата година беше обвинет дека давал лажни изјави со цел да ги заштити лицата против кои се води случај со враќање недвижности, во кој е вмешан и романскиот принц Паул Филип.
Според обвинителството, Таричану ја отежнал истрагата, негирајќи дека му се познати врски меѓу обвинетиот бизнисмен и други со принцот Паул Филип.