ВИДЕО: Почна собирањето потписи за враќање на евтината тарифа на струјата

Од:

Денеска почна процедурата за собирање потписи на иницијативата на граѓанското здружение „АМАН“ за собирање 10.000 потписи за измени во Законот за енергетика.

Доколку се соберат потписите, тогаш Законот влегува во собраниска процедура.

Тогаш за да се врати евтината дневна тарифа за струја и да се укине Правилникот за топлинска енергија на Топлификација и да не се наплаќа доколку се откажете од услугите на Топлификација, треба мнозинството во Парламентот да се изјасни позитивно.

Граѓаните очекуваат и власта и опозицијата да застанат зад Законот, бидејќи велат, високите сметки не познаваат партии или етничка припадност и ги погодуваат сите.

Потписите се собираат во подрачните единици на Државната изборна комисија.

Покрај граѓаните денеска својот потпис на иницијативата го ставија кандидатите за градочалници за Скопје и Центар, Јани Макрадули и Андреј Жерновски.

Еве ја атмосферата пред подрачната единица во Центар.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

За 50 отсто поскапена цените на угостителските услуги во владините објекти

Горан Наумовски

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он

Ќе успее ли Македонија да ќари од рекордното поскапување на бакарот на светските берзи?

А1он

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

A1on

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

A1on