Продолжуваат натпреварите од ракометната Лига на шампионите

Од:

Со двата натпревара што се играат вечерва продолжуваат дуелите од ракометната Лигата на шампиони во машка конкуренција. Паузата во ова натпреварување беше поради Светското првенство во Франција.

Според распоредот се играат натпреварите од 10.коло. За екипите од А и Б групите остануваат уште пет кола, додека за тимовите од групите Ц и Д ова е последно коло, со тоа што двете првопласирани екипи ќе одиграат уште два натпревара (бараж) за пласман во нок аут фазата.

А група: Веспрем – Барселона, Кадетен Шафхаузен – Кил, ПСЖ – Силкеборг и Висла – Флензбург.
Табела А група: Барселона 16 бодови, ПСЖ 14, Веспрем 10, Флензбург 9, Кил 9, Висла 6, Силкеборг 4, Кадетен Шафхаузен 2.

Б група: Рајн Некар – Киелце , Мешков Брест – ПИК Сегед, Вардар – Загреб и Цеље – Кристијанштад.
Табела Б група: Киелце 14, ПИК Сегед 13, Вардар 12, Рајн Некар Ловен 11, Мешков Брест 9, Цеље 5, Загреб 4, Кристијанштад 4.

Ц група: Татран Прешов – Ла Риоха, Металург – Чеховски Медведи и Монпеље – Елверум.
Табела Ц група: Монпеље 14, Ла Риоха 11, Елверум 8, Металург 8, Татран Прешов 7, Чеховски Медведи 6.

Д група: Брага –Нант, Бешикташ – Динамо Букурешт и Холстебро – Мотор.
Табела Д група: Нант 15, Мотор 13, Бешикташ 9, Динамо Букурешт 8, Холстебро 5, Брага 4.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска