Вардар посакува реванш за поразот во Загреб

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар во СЦ „Јане Сандански” в сабота (17:30 часот) го очекува дуел со ППД Загреб во Б групата од Лигата на шампионите. Ова е десетти дуел за „црвено-црните” во елитното натпреварување и сега секој бод е важен во борбата за првото место на табелата.

Хрватскиот тим успеа да ја прекине победничка серија на Вардар која траеше до 5.коло, а потоа загрепчани славеа и во СЕХА лигата во декември во Загреб.

Тренерот Раул Гонзалес очекува помогнати од поддршката на навивачите, неговите избраници да се реваншираат за поразот во Загреб.

– На првиот натпревар од Лигата на шампиони кај нив загубивме со еден гол разлика. Во првото полувреме игравме добро, но во второто имавме проблем со нивната одбрана. Потоа изгубивме на гости и во СЕХА лига. Мислам дека треба да бидеме спремни и многу да ги почитуваме, и треба да играме со 100 отсто. Очекувам „Јане Сандански“ да биде полна зашто ни треба помош. Мислам дека ние ќе бидеме спремни зашто многу сум задоволен како трениравме цела недела, изјави предводникот на вардарци.

Aко сакаме да успееме дома не смееме да изгубиме. Значи очекувајте многу добар натпревар, многу интензивен. Не знам кој ќе игра, но да разликуваме дека кога се игра Лига на шампиони сите играат 100 отсто. Играчите кога се спремаат за лига тоа изгледа како за финале. Треба да се фокусираме на нас, а да не мислиме како ќе бидат играчите од Загреб, додаде шпанскиот стратег.

Загрепчани имаат проблеми со повредени играчи, а некои имаат и висока температура, па неизвесно е со кој состав ќе се појават во сабота на натпреварот.

Важноста на претстојниот дуел ја потенцира и пивотменот Стојанче Стоилов.

– Да ги заборавиме сите натпревари што досега ги игравме против нив. Да заборавиме дека вчера загубија од Металург. Да се сконцентрираме за во сабота, многу тежок натпревар ќе биде. Можеби некој очекува ќе биде лесен натпревар поради нивниот пораз од вчера, но јас не се согласувам. Многу е битно дома да победиме и да немаме уште еден кикс како со Рајн Некар, вели Стоилов, капитенот на Вардар.

На табелата во Б групата од лигата на шампионите Кјелце води со 14 бода, пред ПИК Сегед со 13, Вардар има 12, Рајн Некар 11, Мешков 9, Целје 5, ППД Загреб и Кристијанштад по 4 бода.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска