Аква Струга: Цветин Чилиманов да се извини во рок од седум дена

Од:

Здружение „Аква“ од Струга нема намера да полемизира со Цветин Чилиманов, ниту да му објаснува што и како работи здружението, ниту има намера да му помогне да излезе од неговите филмови за наводни непријатели на Македонија.

Го повикуваме, за нас целосно непознатиот Цветин Чилиманов, во рок од 7 дена да се извини за сите лаги и клевети изнесени за З.Р.А. „Аква“ од Струга, на неговата прес-конференција одржана на 04.02.2017, поточно за изнесените лаги дека во „критичниот период“ сме примиле 19.000 евра од „Сорос“ и за лагата дека сме локален штаб на СДСМ.
Во спротивно неговите тврдења ќе треба да ги докаже на суд.

Здружение „Аква“ не познава таков „критичен период“, и во така наречениот и само за нив познат „критичен период“ – не сме примиле 19.000 евра од „Сорос“ (инаку точен израз: Ф.О.О.М.). Локалниот штаб на СДСМ е во друг објект кој и е познат на струшката јавност под името „Комитет“, каде што има јасни обележја на оваа партија. Досега сме биле помешани со претпријатието за водовод „ПроАква“, но за прв пат некој нè нарекува по име на партија.

За целата јавност сме секогаш отворени и нашата работа секогаш била во интерес на сите граѓани кои сакаат Македонија да биде нивни дом во кој ќе владеат законите, редот и честа.

Ги уверуваме граѓаните , независно од нивната етничка, партиска или друга припадност дека можат да бидат спокојни што се однесува до нашето работење, и ги упатуваме да се запознаат со нашата работа преку нашиот youtube канал zdruzenie akva, каде на граѓанските проблеми им пристапуваме со доза на сатиричност.

Би можело да ве интересира

Демант на НВО Инфоцентар за лагите на СОС

Предраг Петровиќ

Младински образовен форум: Бараме извинување од „Стоп операција Сорос“ за невистинитите обвинувања

Предраг Петровиќ

Демант на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес за СОС

Предраг Петровиќ

Хелсиншки: Демант, извинување и повлекување на статијата по прес конференцијата на „СОС“

Ана Ололовска

ЕВРОТИНК: Демант на лагите и манипулациите изнесени во наводите на „Стоп операција Сорос“

Ана Ололовска

Демант до „СОС“ од Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес

Ана Ололовска