Младински образовен форум: Бараме извинување од „Стоп операција Сорос“ за невистинитите обвинувања

Од:

Здружението на граѓани „Младински образовен форум” изразува несогласување и револт за објавените неточни информации на прес конференцијата на трите претставници на „Стоп операција Сорос“ одржана на 4 февруари 2017, како и на написите на повеќе медиуми кои ги пренесуваат штетните и тенденциозни информации пласирани од говорниците.
На прес конференцијата и голем дел од написите поврзани со неа се пренесуваат неточни, малициозни информации во врска со средствата кои ги користи организацијата, нивната намена и активностите на МОФ.

Податоците презентирани за финансиските транфери на организацијата се погрешни и неточни, како и инсинуациите за нивната намена. Сите средства кои ги користи МОФ се добиени преку аплицирање со активности дефинирани од самата организација и за истите редовно се одговара пред донаторите и институциите.

Тврдењата дека организацијата е „крајно партизирана“ се неосновани, а МОФ како организација нема никогаш поддржувано партија или партиски кампањи.

Иако говорниците не’ повикаа за организирање протести, мора да истакнеме дека МОФ не организирал протести против ектерното тестирање ниту пак општо протести поврзани со образованието. Она што сме го направиле се петиции, анализи и препораки, врз основа на потребите на учениците и студентите, нашата експертиза и искуство, кои секогаш биле уредно доставувани до институциите на државата и јавноста, а се’ со цел да го подобрат образованието во Македонија, кое во моментов е на незавидно ниско ниво.

Безобразно е омалжувањето на годините труд и работа кои членовите и волонтерите на МОФ ги посветиле на подобрување на македонското општество како и тврдењата дека организацијата се активира „пред избори“. МОФ континуирано во последниве 18 години секогаш имал различни активности за потребите на младите – од обезбедување бесплатна едукација, културни и информативни настани, поддршка на волонтерството, промоција на стипендии и квалитетни дебати.

Но меѓу тие активности не спаѓаат обвинувањата кои ги изнесоа говорниците од „Стоп операција Сорос“.
Од овие причини бараме јавно извинување од страна на „Стоп операција Сорос“ за изнесените невистини. Исто така бараме извинување и објава на овој демант од сите медиуми кои ги пренесоа неточните наводи. Бараме демантот и извинувањето да бидат објавени во согласно со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и тоа во рок од два дена од денот на приемот на ова барање, на истото место, време и обем, како и написите за кои ја доставуваме оваа реакција, спротивно ја користиме можноста да поднесеме тужба, пишува во демантот и барањето за извинување.

Би можело да ве интересира

Демант на НВО Инфоцентар за лагите на СОС

Предраг Петровиќ

Аква Струга: Цветин Чилиманов да се извини во рок од седум дена

Предраг Петровиќ

Демант на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес за СОС

Предраг Петровиќ

Хелсиншки: Демант, извинување и повлекување на статијата по прес конференцијата на „СОС“

Ана Ололовска

ЕВРОТИНК: Демант на лагите и манипулациите изнесени во наводите на „Стоп операција Сорос“

Ана Ололовска

Демант до „СОС“ од Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес

Ана Ололовска