Демант на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес за СОС

Од:

Згрозени од оркестрираниот напад на три лица кои под превезот на некаква независна граѓанска иницијатива се осмелија да ја вмрежат Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес во некаква шема со исто така граѓански здруженија, кои наводно работат надвор од законските прописи и по нечиј диктат, сакаме на граѓаните на Македонија да им кажеме дека на на прес конференцијата на СОС презентиране се невистини, измислени суми на пари и Фондацијата беше спружена пред јавноста со цел да ја дискредитира и криминализира работата на кредибилна и респектабилна регионална граѓанска организација во Македонија.

Бидејќи граѓаните во вардарски регион знаат која е Фондација Фокус, за нив ќе повториме а за граѓаните на Македонија ќе соопштиме дека Основачите, органите на управување и седумте проектно ангажираните лица во фондацијата се особено горди на постигнатите резултати во изминатите десет години:

-На организираните јавни расправи во партнерство со општините Велес, Градско и Лозово кога на граѓаните им беше овозможено да предлагаат свои приоритети кои подоцна влегуваа во годишните програми за работа на општините;

-На обезбедената донација за реконструкција и реновирање на зградата на Домот на Невладини организации во Велес, од која за жал пред две години Фондацијата беше исселена;

– На обезбедените донаторски средства за:

– Реновирање, преадаптирање и целосно опремување на простор за Игротека на детското одделение во велешката болница, како и на обезбедените постелнини, пижами и садови за храна на одделението;

– Обезбедениот бесплатен појадок за стотина сиромашни ученици во основни училишта во Велес кои исто така добија училишен прибор, лектири и енциклопедии;

– На запишаните 4 студенти од сиромашни семејства на државен факултет;

– Опремениот кабинет по дефектологија со дидактички материјали на ООУ „Васил Главинов“ во Велес;

– Изградeниот пристапен пат, обезбедените урбана опрема и спортски реквизити за ООУ „Лирија“ во село Горно Јаболчиште, општина Чашкач

– Репарираните и реконструирани 5 детски забавни паркови во Велесч

– Обезбедените сретства со кои 7 граѓански организации изградија детски забавен парк во Лозово, поставија легнати полицајци на коловозите во Градско, изградија
летниковец во Велес, едуцираа жени од рурални средини за рано откривање на рак на дојкап;

– Отворениот прв рурален Дневен центар за лица со попреченост „Детелинка“ во Чашка, во партнерство со друга граѓанска организација и

– Органиозираниот ПРВ масовен граѓански еколошки протест во Македонија по што се затвори Топилницата за олово и цинк кога како дел од Зелената коалиција на Велес ги стави на располагање своите човечки и технички ресурски во борбата на велешани за здрава животна средина.

Ова се само дел од резултатите во изминатава деценија а за сите останати добиени и реализирани проекти на Фондација „Фокус“, за донаторите докажана како посветена, одговорна, кредибилна и респектабилна организација , препорачуваме да ја отворат нашата веб страна www.focus.org.mk и да прочитаат за транспарентното и отчетното работење на Фондацијата. Таму се објавени и наративните и финансиските изваштаи за секој добиен денар, долар, евро стигнати на легален начин на сметката на Фондацијата која ќе продолжи да аплицира проекти на јавно објавени повици и конкурси, при тоа не правејќи разлика на добри и лоши туку на донатори што препознаваат граѓански приоритети, проблеми и финансираат решенија во интерес на подобриот живот на граѓаните во локалната заедница.

Исклучувајќи го целосно влијанието на која било политичка партија демантираме дека Фондацијата била нечиј штаб, дека била формирана пред избори, дека добила 530.000 денари и дека на кој било начин поддржувала политички партии.

За јавно лепените етикети, омаловажувања и обвинувања на вработени и Основачи на Фондација „Фокус“ со „Стоп Операција Сорос“ ќе се докажуваме на суд, како и за злоупотребата на јавно изнесените лични податоци и податоците од регистерската влошка на фондацијата.
Со почит,

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес

Извршен директор

Убавка Јаневска

Би можело да ве интересира

Демант на НВО Инфоцентар за лагите на СОС

Предраг Петровиќ

Аква Струга: Цветин Чилиманов да се извини во рок од седум дена

Предраг Петровиќ

Младински образовен форум: Бараме извинување од „Стоп операција Сорос“ за невистинитите обвинувања

Предраг Петровиќ

Хелсиншки: Демант, извинување и повлекување на статијата по прес конференцијата на „СОС“

Ана Ололовска

ЕВРОТИНК: Демант на лагите и манипулациите изнесени во наводите на „Стоп операција Сорос“

Ана Ололовска

Демант до „СОС“ од Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес

Ана Ололовска