НВО КХАМ – Делчево: Демант за искажаните лаги и клевети од „СОС“

Од:

„Невладината организација КХАМ од Делчево најостро ги осудува лагите и клеветите искажани кон нашата организација од граѓанското движење „Стоп операција Сорос – СОС“ искажано на прес конференцијата 04.02.2017 год.

На прес конференцијата сме посочени како организација која работи на политичката агенда на СДСМ и дека на нашата сметка легнале милионски суми за време на неколку изборни циклуси. Најостро ги отфрламе овие лаги и клевети со напомена дека „КХАМ“ од Делчево никогаш нема користено ниту пак ќе ги користи своите финансиски средства за политичка кампања на ниту една политичка партија.

НВО „КХАМ“ од Делчево повеќе од 18 (осумнаесет) години непрекинато работи во насока на подигање на образовното ниво на ромската заедница, како и подобрување на нивната социо-економската положба, не запоставувајќи ги и другите маргинализирани заедници во државата.

Сето тоа е во тесна и конструктивна соработка со сите институции и организации без разлика на политичкиот контекст во државата. Ние ќе продолжиме во насока на реализација на нашите програмски приоритети и цели кои се пред се во интерес на ромската заедница во Р. Македонија, а не по наредба, како истакнуваат од „таканареченото“ граѓанско движење-СОС.

Истакнуваме дека наведените милионски суми што сме ги користеле од Фондацијата отворено општество на Македонија се неточно изнесени и дека средствата што ги добиваме се строго наменски за програма „Социјална отчетност и правно зајакнување на ромската заедница“.

Ги потсетуваме партиските мегафони од таканареченото граѓанско движење СОС дека средствата што ги добиваме од Фондацијата отворено општество се помалку од 20 % од вкупното наше финансирање и дека не сме наменска организација формирана за време на избори. Во отсуство на заштита од институциите на ромската заедница за време на предизборна и изборна кампања, истакнуваме дека меѓу другото сме оранизација која работи на политичко јакнење и едуцирање на ромската заедница и нивна заштита.

Сето тоа е во согласност со сите законски прописи и норми кои важат за нас и нашето работење, а не организација која е наменски формирана со цел да одработи политичка агенда на некоја партија. Затоа, НВО КХАМ од Делчево бара јавно извинување од претставниците на граѓанското движење „СОС“, во спротивно ке поднесеме тужба за клевета и навреда на дигнитетот на нашата организација“, се вели во демантот на НВО КХАМ – Делчево.

Би можело да ве интересира

Демант на НВО Инфоцентар за лагите на СОС

Предраг Петровиќ

Аква Струга: Цветин Чилиманов да се извини во рок од седум дена

Предраг Петровиќ

Младински образовен форум: Бараме извинување од „Стоп операција Сорос“ за невистинитите обвинувања

Предраг Петровиќ

Демант на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес за СОС

Предраг Петровиќ

Хелсиншки: Демант, извинување и повлекување на статијата по прес конференцијата на „СОС“

Ана Ололовска

ЕВРОТИНК: Демант на лагите и манипулациите изнесени во наводите на „Стоп операција Сорос“

Ана Ололовска