Младински културен центар Битола: Демант на тврдењата на здружението на граѓани „Стоп операција Сорос“

Од:

„Младински културен центар – Битола најостро ги осудува лажните тврдења, невистини и клевети искажани на прес конференцијата на здружението на граѓани „Стоп операција Сорос“ на ден 04.02.2017 година и во целост ги отфрла како неосновани, злонамерни и неточни.

На прес конференцијата беше искажана лажната изјава на Цветин Чилиманов дека „…нивна цел е да учествуваат на протести и дебати организирани од СДСМ и да обезбедуваат партиски војници за митинзи и за шарената револуција…“. Воедно, беа споменати неточни високи суми на префрлени средства од страна на Фондацијата отворено општество Македонија на сметката на МКЦ-Битола, наводно за предизборни активности. МКЦ-Битола со индигнација го отрфла и искажаното тврдење дека сме „НВО под капата на ФООМ“.

Младинскиот културен центар – Битола во 2017 година ќе слави јубилеј – 20 години од своите почетоци како неформална група и 18 години од официјалното постоење. Визијата, мисијата, вредностите и принципите на работа на МКЦ – Битола остануваат непроменети. Организацијата и понатаму транспарентно и одговорно, во соработка со своите поддржувачи и партнери, ќе работи на својата визија за развој на демократско општество во кое младите се лидери на прогресот. МКЦ-Битола добивала и добива поддршка од преку 20 донатори од земјата и странство и никогаш не била зависна само од еден донатор.

Мисијата на организацијата е обединување и развој на креативните потенцијали на младите луѓе и поттикнување на граѓанскиот активизам. Долгорочни цели на МКЦ – Битола се да го промовира волонтерството, да го афирмира неформалното образование, да ги развива демократијата и граѓанското општество и да ја поддржува урбаната култура.
Проектите и активностите на МКЦ-Битола се исклучиво во насока на остварување на стратешките цели на организацијата, а не во функција на било каква политичка агенда на било која политичка партија во Република Македонија.

МКЦ – Битола води и координира проекти и програми поврзувајќи ги младите преку вклучување во активности што ги истакнуваат нивните потенцијали во областа на волонтерството, неформалното образование, граѓанските иницијативи и урбаната култура. МКЦ – Битола веќе девет години работи како национална канцеларија на неформалната мрежа на локални волонтерски центри, Волонтерски центар на Македонија. Центарот ја координира размената на волонтери на локално, регионално и меѓународно ниво, едуцира волонтери, нуди консултативни услуги на други субјекти и соработува со други локални и интернационални организации, кои промовираат слични вредности.

Во рамките на МКЦ – Битола функционира тренинг сервис преку кој континуирано се реализираат голем број на локални, национални и меѓународни обуки за развој на вештини, знаења и компетенции кај младите луѓе. Вклучени сме и во развој и промоција на политики и стратегии на национално и локално ниво во полето на промоција на неформалното образование кај младите, развој на волонтерството и волонтерските вредности и промовирање на младинската работа. МКЦ-Битола е овластено здружение за давање на претходна правна помош и официјален младински УНЕСКО клуб.
На крајот, Младински културен центар – Битола за изречените невистини и клевети бара јавно извинување од здружението „Стоп операција Сорос“ во рок од 7 дена. Во спротивно, ќе покренеме соодветна тужба за навреда и клевета пред надлежните судови во Република Македонија“, се вели во демантот на Младински културен центар Битола.

Би можело да ве интересира

Демант на НВО Инфоцентар за лагите на СОС

Предраг Петровиќ

Аква Струга: Цветин Чилиманов да се извини во рок од седум дена

Предраг Петровиќ

Младински образовен форум: Бараме извинување од „Стоп операција Сорос“ за невистинитите обвинувања

Предраг Петровиќ

Демант на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес за СОС

Предраг Петровиќ

Хелсиншки: Демант, извинување и повлекување на статијата по прес конференцијата на „СОС“

Ана Ололовска

ЕВРОТИНК: Демант на лагите и манипулациите изнесени во наводите на „Стоп операција Сорос“

Ана Ололовска