„Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Крaтово најостро се спротивставува на лагите и невистините кои беа изнесени на прес конференција одржана од страна на граѓанско движење „Стоп операција Сорос“ на 04.02.2017г. објавена во поголем број на национални медиуми.
Како што беше речено, организацијата била локален штаб на СДСМ и служела за организирање на протестите во Кратово и Скопје. Исто така се вели дека главна цел на организацијата бил да се партизира невладиниот сектор во Кратово. Невистина е и дека организацијата е составена од поголем број на други подоргаанизации, а активностите биле спроведувани само во период на изборни кампањи. Реалноста е сосем поинаква. Собранието на здружението е можеби единствено по неговиот состав, неговата отвореност, трнспарентност и професионалност во работата. Тоа е составено од 16 претствници на различни локаални оргницции, членови од Општина Кратово, како и од Советот на Општина Кратово, кои редовно се информираат за сите активности.
На оваа прес конференција исто така беше истакнато дека организацијата била формирана и работела исклучително само за потребите на СДСМ и исполнување на определена политичка агенда. Како информација за целата македонска но и поширока јавност, организацијата Регионален центар за одржлив развој е формирана во далечната 2003 година со средства од програмата на Европскатаа Агенција за Реконструкција. Во текот на своето постоење реализирала поголем број на проекти самостојно и во партнерство со други организации од Македониај и Европа.
Токму порди тоа најостро се спротивставуваме на таквите клевети и измислици кои несомнено ќе и нанесат огромна штета на нашата организација, невладиниот сектор ќе биде деградиран, а неговата работ и заслуги девалвирани.
Основна визија на здружението е одржливо искористување на сите расположиви ресурси и нивно ставање во функција на локалниот економски рзвој. Како позначајни проекти ќе ги споменеме: Иницијатива за набавка на камион за транспорт и рециклирање на ПЕТ амбалажа и набавка на опрема за пресување и дробење, Подобруваање на статусот на немнозинските етнички заедници, а особено на правата на жената ромка, Основање на младински волонтерски клуб и спроведување на поголем број еколошки акции и активности, Иницијатива за изработка и избор на сувенир на Кратово, Подготовка на публикција „Кратово музеј под отворено небо“ за промоција на културно-историското нследство, Активности за Енергетска ефикасност и поставување на штедливи светилки во поголем број на јавни институции во Крива Паланка, Едукативни работилници за ученици од Кочани, Кратово, Пробиштип, Ранковце, Крива Паланка, Куманово, Иницијатива за реновирање на градското кино во Кратово, Иницијатива за отворање на Дневен центр за лица со посебни потреби во Кратово, Оформување на волонтерски сервис за помош на стари лица и лица со посебни потреби, Реновирање на просториите на противпожарната единица во Кратово, Донирање на спортска опремаа за Тенискиот клуб од Кратово, Акција за донирање на училишен прибор за социјално згрозени семејства, Поголем број на акции од хуманитарен аспект и донирање на финсиски средства и материјални добра, Мониторинг на јавните набавки на општините во регионот, поттикнување на поголема отчетност и транспарентност на општините, иницијатива за санирање на свлечиште на регионалниот пат Кратово – Пробиштип, набавка и дистрибуција на садови за селектирање на отпад, изградба на детски забавен парк во дворот на ОУ Кочо Рацин, Бетонирање на дворот на ова училиште, реконструкција и обнова на мостот и анфитеатарот во градскиот парк Карши Бавча, подготовка на неколку анлизи и стратешки документи од локаален интерес, издавање на поголем број на публикации, меѓународна промоција на аматерски бендови на рок и поп музика, иницијатива за зајакнување на статусот на Месните заедници, организирање на поголем број на едукативни рботилници, покренување на законодавна иницијатива за пристојно работно време и плата на вработените во текстилната, кожарската и конфекционерската индустрија, организирање на поголем број на посети, вмрежувања, околу 80 различни обуки за рзлични целни групи како што се млади, жени, државна администрција, етнички задници, земјоделци, пчелари, невработени. За сите активности подетални информации можат да се најдат на www.regionalencentar.org.mk .
Од сите настани постојат уредни листи на учесници, кои во секој момент можат да бидат повикани да посведочат дали било кога и во која прилика некогаш се зборувало и дејствувало од политички аспект и се исполнувала политичка агенда.
Поради грубите невистини и клевети изнесени на наведената прес конференција, бараме јавно извинување од претставниците на движењето „Стоп операција Сорос“ во рок од 5 дена. Во спротивно, ќе поднесеме тужба согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета пред надлежните судски органи“, се вели во демантот на „Регионален центар за одржлив развој“ Кратово по однос на одржаниот прес на граѓанското движење „Стоп операција Сорос“ на 04.02.2017 година.