Продолжуваат антивладините протести во Букурешт

Од:

Околку 250.000 лица се собраа синоќа, шеста вечер по ред, на протести во романскиот главен град Букурешт, против владината уредба за измени на Кривичниот законик и покрај вчерашната одлука на Владата за нејзино повлекување.

Учесниците на протестот бараа оставка на Владата на премиерот Сорин Гриндеану и распишување предвремени парламентрани избори. Демонстрантите носеа романски знамиња и скандираа „Оставка!“ и „Крадци!“.

Како што јавија романските медиуми, протести се одржале и во повеќе други градови ширум Романија, на кои излегле вкупно над 200.000 лица.

Протестите беа одржани иако романската Влада вчера на вонредна седница донесе одлучи да ја повлече уредба за измени на Кривичниот законик, со што ќе се овозможеше амнестија на повеќе политичари и други лица осудени за корупција, доколку со своето дело на државата и нанела шетата помала од 200.000 леи (околу 43.500 евра).

Владата беше принудена да ја повлече уредбата под притисок на најмасовните протести во Романија по 1989 година, кои тогаш доведоа до смена од власта на последниот романски комунистички лидер Николае Чаушеску.

Гриндеану одбива да поднесе оставка и синоќа дополнително побара од Министерството за правда во најкус можен рок да подготви предлог-закон за спорните измени на Кривичниот законик и да го достави на расправа до Парламентот.

Романскиот премиер истакна дека сака да иницира јавна дебата на сите политички партии и на претставниците на граѓанскиот сектор за спорните елементи од уредбата за декриминализација на многу случаи на корупција.

Повлекувањето на спорната уредба Гриндеану ја најави уште во саботата, додавајќи дека се решил на таков потег затоа што „не сака да ја дели Романија“.

– Не сакам поделби. Романија не може да биде поделена. Романија сега изгледа како да е поделена на два, а можеби и на повеќе делови. Таквата ситуација е последното нешто што го посакувам, нагласи тој.

Гриндеану оцени дека сите аргументи во прилог на уредбата не биле „добро претставени во јавноста“. – Од таа причина и настана големата конфузија, а имаше и многу искривени толкувања, рече Гриндеану.

Во текот на оваа недела е закажана седница на Уставниот суд, на која ова највисоко судско тело во Романија треба да се изјасни за уставноста на уредбата за измени на Кривичниот законик. с

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски