Избор на добитникот на книжевната награда „Балканика“ за 2011

Од:

 Во Велико Трново, Бугарија, од денеска до недела ќе се одржува изборот на книга за меѓународната книжевна награда „Балканика“ за 2011 година, за која од Македонија конкурира романот „Куќичка“ на Оливера Николова, издание на „Блесок“.

Во трката за „Балканика“ за 2011-та се уште шест наслови:  „Надолу по патот кон адот – и правата крстосница влево“ на Христо Карастојанов од Бугарија;  „Тито е мртов“ на Мирјана Новаковиќ од Србија;  „Случувања на Земјата“ на Преч Зогај  од Албанија; „Исла Боа“ на Христос Астериоу од Грција; „Управителот на животи и други раскази“ на Мирела Розновеану од Романија и „Црвениот ангел“ на Недим Ѓурсел од Турција.

Одлуката ќе ја донесе меѓународно жири со кое претседава  афирмираниот американски професор Ендрју Вахтел, а член на жирито од Македонија е Александар Прокопиев, кој ја доби  „Балканика“ за 2010 година. Признанието свечено ќе му биде доделено на авторот во недела,  9 декември.

Фондацијата „Балканика“ е основана во 1996 година од седум издавачки куќи – од Истанбул, Букурешт, Софија, Белград, Скопје, Атина и од Тирана. Целта е балканските земји да соработуваат и со културно заедништво да ги надминат старите судири и несогласувања помеѓу народите од овој географски регион.

Изборот на кандидат за наградата од Македонија секоја година го организира издавачката куќа „Магор“. Двајца македонски писатели досега биле лауреати на „Балканика“ –  Венко Андоновски за „Папокот на светот“ во 2001 и Александар Прокопиев за „Човечулец“ во 2010.

Би можело да ве интересира

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери