Романија го повлекува контраверзниот декрет со кој што декриминализираше корупција на државните службеници.
Премиерот Сорин Гринденау изјави дека во текот на утрешниот ден, оваа одлука ќе биде отфрлена, по протестите кои во изминатите неколку денови се случуваа низ градовите во Романија.
„Не сакам да ја поделам Романија. Не може да дозволиме да се поделиме на две“ изјави Гринденау во телевизиско обраќање.
Илјадници Романци и вечерва се по улиците на Букурешт, каде што позитивно е примена оваа вест.
Декретот требаше да стапи на сила на 10 февруари и овозможуваше декриминализација на корупција до 44.000 евра, но сепак владата попушти пред притисокот на граѓаните кои секојдневно масовно протестираа.