Убиен еден од лидерите на сепаратистите од источна Украина

Од:

Еден од лидерите на сепартистите во источна Украина е убиен денеска во Луганск, при експлозија на бомба поставена под неговото возило, јави ТАСС.

Како што соопшти претставникот на сепаратистичките власти во Луганск, Андреј Марочко, „началникот на народната милиција на Луганската Народна Република“, Олег Анашченко загинал кога експлодирал автомбилот што тој го управувал.

Марочко изјави дека станува збор за „атентат“ зад кој најверојатно стојат украинските специјални служби.

– Овој терористички акт веројатно е извршен од украинските специјални служби со цел да се дестабилизира состојбата во Републиката – изјави Марочко.

Убиството на Анашченко доаѓа во време на нова ескалација на судирите меѓу украинските сили и сепаратистите во источна Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми