Романците продолжија со протестите против измените во Кривичниот законик

Од:

Околу 50.000 лица се собраа синоќа на нови протести пред зградата на романската Влада, изразувајќи го своето незадовоство од измените на Кривичниот законик, со кој ќе се овозможи амнестија на лица осудени за корупција.

Како што јави Аџерпрес, бројот на присутните демонстранти на синоќешниот протест беше значително помал во споредба со претходните денови, но повеќе учесничи се очекуваат на протесниот марш од пред Владата до зградата на Парламнетот најавен за денеска, како и на утрешниот протест, кој организаторите го највуваат како „најмасовен во историјата на земјата“.

Учесниците на синоќешниот протест скандираа антивладини пароли, а дел од нив донесоа и картонски кукли со ликовите на некои министри облечени во затвроски униформи.

Говорниците на протестот потсетија дека измените што ги предложи Владата беа критикувани и од САД и ЕУ и нагласија дека поради нив Романија би можела да остане без странски инвестиции и помош.

Покрај во Букурешт, протести со учество на по неколку илјади лица синоќа се одржаа и во други романски градови, меѓу кои и во Сибиу, Темишвар, Галац и Јаши.

Наспроти масовните протести, романскиот премиер Сорин Гриндеану во четвртокот изјави дека Владата не планира да се откаже од измените на Кривичниот закони и дека тој лично нема намера да поднесе оставка.

Во врска со протестите се огласи и Романската православна црква, која повика на продолжување на борбата против корупцијата во Романија.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски