Претседателот на Ангола, Жосе Едуардо дос Сантос денеска соопшти дека заминува од власт по 38 години. Дос Сантос обраќајќи се пред членовите на владејачката МПЛА партија истакна дека нема повторно да се кандидира на овогофинешните избори. Тој на чело на Ангола е од 1979 година.
Јужноафриканската држава богата со нафта до 2002 година беше потресувана од судири.
Дос Сантос изјави дека министерот за одбрана Жао Луренсо ќе биде кандидат на владејачката МПЛА партија на претседателските избори во август.
Дос Сантос наведе дека ќе остане на чело на МПЛА партијата.