По протестите во Букурешт притворени 79 лица, повредени осум жандарми и четворица демонстранти

Од:

Романската полиција, синоќа, по насилните протести на Плоштадот на победата во Букурешт, на сослушување привела седумдесет и девет лица, пренесе Аџерпрес, повикувајќи се на силите на редот.

Министерката за внатрешни работи Кармен Дан денеска соопшти дека на приведените им биле покренати обвиненија за напад врз лица на должност и за нарушување на јвниот ред и мир. Имало и еден случај на поседување наркотици. Министерката, исто така, соопшти дека се изречени и пет парични казни, пренесува БТА.

Во синоќешниот протест повредени се осум жандарми, а тројца од нив биле однесени во болница. Четворица демонстранти, исто така, биле повредени, од кои двајца биле однесени во болница, но за ниту еден од нив немало потреба од стационарно лекување.

Министерката Дан потврди дека тројца од приведените се членови на фудбалска навивачка група.

Во врска со размената на оперативни информации меѓу Романската служба за разузнавање и МВР, Дан изјави дека не добила информации за евентуални намерни провокации за време на протестот.

Кармен Дан изјави дека синоќа, за време на протестите, државниот секретар Виорел Штефу и началникот на полицијата Богдан Деспеску добиле СМС пораки од офицер од разузнавањето дека е можно на протестот да присуствуваат некои лица и активисти кои постојано учествуваат во вакви протести, како и некои членови на навивачки групи. Според неа, податоците од СМС пораките не сигнализирале ризик за нарушување на јавниот ред и намери за провокации.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски